Индустриското производство во Македонија во август било за 1,9 проценти пониско отколку во истиот месец лани. Преработувачката индустрија паднала за 1,3 проценти, а рударството за 10,1 процент.

Особено е забележлив падот кај машините од 9,6 проценти, моторните возила и приколките од 8,7 проценти и електричната опрема од 6,9 проценти. Сепак, во првите осум месеци вкупната индустрија останува во благ плус од 0,6 проценти.