Состанокот на Економско-социјалниот совет е одложен за 26 октомври. Средбата меѓу Владата, синдикатите и работодавачите првично требало да се одржи една недела порано.
На дневниот ред повторно не е ставено прашањето за минималната плата. Меѓу најавените теми се можноста за намалување на бројот на празници и новата владина просечна потрошувачка кошничка.