Корисниците приклучени на системите за централно греење на ЕСМ во Скопје од утре, 13 октомври, ќе добиваат топлинска енергија. Грејната сезона формално почнува на 15 октомври, но правилата дозволуваат системот да се активира порано ако температурите паднат под утврдениот праг.
Одлуката е донесена откако УХМР прогнозира средна надворешна температура од околу 12 степени. ЕСМ ги повикува станбените заедници да обезбедат пристап до потстаниците и да проверат дали внатрешните инсталации се подготвени за работа.