Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.
Од нив, шест управувале возило без положен возачки испит и тоа: 32-годишник и 27-годишник, двајцата од Скопје, 23-годишник од село Арачиново, скопско, 19-годишник и 17-годишник, двајцата од село Студеничани, скопско и 17-годишник од Прилеп.
Со брзина поголема од дозволената возел 27-годишник од село Врапчиште, гостиварско, а под дејство на алкохол возел 70-годишник од Скопје.
По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави.