Борбата за ситни политички поени не им дозволи на опозициските политичари да остават граѓаните да се соземат од трагедијата која го погоди Тетово, но и целата држава и обидувајќи се да предизвикаат гнев, како лешинари уште вечерта започнаа со манипулации, обвинувања, извртувања на тези.

Во овие моменти, кога се уште се истражуваат причините, но и последиците од страшната трагедија, тоа што треба вистинските лидери да направат е да отидат на лице место и да покажат сочувство и поддршка за семејствата на настраданите. Тоа е практика насекаде во светот, каде што после трагедии во кои има човечки жртви, политичките лидери ги „соблекуваат партиските дресови“ и со заеднички сили се борат општеството да ги надмине тешките моменти.

Сепак, во земјава, опозициската партијата која своите интереси ги поставува и секогаш ги поставувала над народот и државата веднаш ги пушти перјаниците да лешинарат и ја активираше пропагандната машинерија да шири шпекулации, обвинувања и прозивки на само неколку часа по трагедијата.

Истите тие кои сега манипулираа и подгреваа тензии, додека беа на власт не само што не поднесуваа одговорност за трагедиите кои настанаа од институционална негрижа, туку и не се грижеа да инвестираат за такви настани да не се повторат. Наместо тоа инвестициите ги фокусираа на споменици и фасади, допропаѓајќи го системот.

Додека ВМРО-ДПМНЕ беше на власт се случија неколку трагедии поради институционална негрижа и разорен државен систем, а кои, за жал, резултираа со човечки жртви. Тогашната власт, наместо да се фокусира на утврдување одговорност и најважно санирање на пропустите, инвестирање во системот со цел да се погрижат таквите катастрофи да не се случат, тие инвестираа во споменици и лажни фасади, дополнително срозувајќи го системот.