Еден од главните фактори кои влијаат на неуспехот на секоја диета лежи во внесот на алкохол. Дали алкохолот навистина дебелее?

Кога согорувате калории, алкохолот секогаш има предност. Телото прво согорува калории од алкохолот, а потоа мастите, јаглехидратите и протеините што ги јадете. Бидејќи алкохолот го успорува согорувањето на мастите, јасно е зошто треба да се елиминира доколку целта е здрав живот.

Исто така, го стимулира апетитот, предизвикувајќи нè да консумираме повеќе храна отколку што ни треба. Алкохолот како диуретик исто така може да доведе до дехидрација. Меѓутоа, ако сте на програма за слабеење и сепак се одлучите за чаша вино или пиво, вклучете ги тие калории во дневниот внес.

Малите моменти на чист хедонизам се дел од нашата култура и традиција, а луѓето ретко се откажуваат од нив, дури и по цена да накачат некој килограм повеќе. Летото се ближи и сите размислуваме за витка линија. За да ја избегнете замката и да го одржите вашиот атрактивен изглед во наредните месеци, добро е да знаете колку калории всушност содржи алкохолот и колку чаши смеете да испиете без да се здебелите.

Во прилог следат калориските вредности на некои алкохолни пијалоци изразени во килокалории во количина од 100 милилитри.

– Вотка 220 kcal

– Виски 220 kcal

– Ракија 220 kcal

– Бело и црвено вино 75 kcal

– Рум 220 kcal

– Пиво 50 kcal

– Мартини 205 kcal

– Џин – тоник 90 kcal

– Шампањ 120 kcal

Според оваа листа, пивото има најмалку калории. Па можете да се опуштите и да испиете уште неколку чаши.