Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати според Методологијата, како и одредбата дефинирана со член 8 став (3) од Правилникот за формирање на највисоки малопродажни цени на одделни нафтени деривати и горива за транспорт, малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 2,86%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалуваат за 2,00 ден/лит, во однос на цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 02.05.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 78,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 80,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 67,00 ден/лит, додека малопродажната
цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 66,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,455 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 02.05.2023 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот
М-1 НС изнесува 39,620 ден/кг.