Oткако пред неколку недели Скопје за првпат беше без јавен превоз поради доцнењето на плата за вработените во Јавното Сообраќајно Претпријатие ЈСП , денеска не сообраќаат автобусите на приватниот превозник „Слобода превоз“ на дел од линиите бидејќи немаат пари за нафта, оти ЈСП „Скопје“, односно Град Скопј,е не им го исплатил долгот.

Денеска не беше постигнат никаков договор за плаќање на долгот на средбата на приватните превозници со претставници на Град Скопје па во јавноста засега останува и натаму неизвесно дали приватните превозници ќе продолжат да возат на линиите договорени со Град Скопје или Градот ќе се обиде јавниот превоз да го организира само преку ЈСП и ќе ги раскине договорите со приватните превозници.

Изутрината дел од скопјани кои имаат секојдневни обвски не го криеја нездоволството дека зачестиле проблемите со јавниот превоз, а во јавноста имаше реакции од жители на главниот град дека по еден час доцнеле на работа поради метежот на улиците.

„Чудно е што не само што не се остварува бесплатниот превоз кој што го ветуваше градоначалничката на Скопје Данела Арсовска туку состојбите во Скопје се уште полоши и посложени. Беше нaјавено дека граѓаните ќе имаат бесплатен превоз а сега излегува дека немаат никаков… мора да чекаат по еден саат”, коментира за „Локално“ Аце Коцевски, поранешен градоначалник кој има и искуство како консултанат за локална самоуправа.

Во меѓувреме дека проблемот со јавниот превоз кој го имааше денеска Скопје може да остане присутен и во наредните денови, навестува и епилогот од денешните средби.

Ленин Јовановски од „Слобода превоз“ по состанокот со претставници на Градот за медиумите изјави дека нема никаков договор за начинот на исплата на долгот и најверојатно ќе се чека новиот буџет на Градот за да се реши проблемот.

Тој наведе дека градот им должи над 1,36 милиони евра, што е голема сума и нема објаснување зошто ЈСП не ги плаќа парите иако само од ученичките слободни карти има сигурна наплата од државата.

Според реакацијата на Љубица Јанчева советник на СДСМ во Советот на Градот состојбата со јавниот превоз во Скопје станува алармантна . Таа за проблемите со долгот на ЈСП кон „Слобода превоз“ прстот го вперува директно кај градоначалничката Данела Арсовска.

„Долгот на ЈСП кон „Слобода превоз“ е еден милион евра. Проблемот со парите за плати на вработените во ЈСП пред некој месец беа врвот, но сега ситуацијата е алармантна. „Слобода“ си бараат пари по основ на договор. Тие знаат колку потрошиле за гориво за превоз. Тука Советот на Градот нема врска со проблемот, Градот треба да ги реализира обврските. Не е прва година во која се исплаќаат парите, тоа го правеле и претходниците на Арсовска”, вели Јанчева за „Локално“.

За новиот проблем во јавниот превоз „Локално“ побара коментар и од советничката Жаклина Шопов од ВМРО-ДПМНЕ но до овој момент не добиваме одговор.

Имајќи ја предвид новонастаната состојба и согледувајќи ги проблемите на скопјани кои за да отидат на работа на училиште или за да се лекуваат денеска требаа да чекаат поради метежот и ускратениот превоз, Коцевски вели дека Градот е должен да им обзебеди квалитетени услуги на граѓаните

Коментирајќи го објаснувањето на Градот дека тие немаат ништо со приватните превозници зашто долговите кон Слобода превоз се на ЈСП кој ги ангажирал, Коцевски вели дека Градот е основач на ЈСП и не може да се изема од наоѓање решение за долгот.

„ЈСП е посебен правен субјет и тој ги има ангажирано и има долгови кон приватните превозници. Но ако има проблеми со долгови на ЈСП кон приватните превзоници треба градоначалничката и претседателот на Советот да го викнат директорот на ЈСП да разговараат и да најдат решение. Скопје е најбогата единица на локалната самоуправа, што да речат другите општини кое се во многу лоша финансиска состојба? Градот мора да има решение, само треба да престане со игрите што ги имаат меѓу себе и да се сконцентрираат на решавање на проблемите што ги имат граѓаните“, вели Коцевски

Градот да дојде до скопјани, а не тие да трчаат по него

Пред само две недели, Градот Скопје го поништи договорот со другиот приватен превозник во Скопје – „Макекспрес“, кој важеше до крајот на 2023 година, затоа што според нив, автобусите на линиите број 19, 20, 22, 52 и 54 не ги испочитувале предвидените услови за квалитетни услуги. Во меѓувреме ЈСП Скопје наместо автобусите на „Макекспрес“ се одлучија да пуштат нивни автобуси и возачи за одржување на овие линии.

Од Град Скопје денеска соопштија дека автобуси на ЈСП Скопје на линиите 9, 12, 22, 23 и 45 кои ги заменуваат автобусите на „Слобода превоз“ сообраќаат редовно и без задоцнување. Од таму порачаа и дека приватниот превозник „Слобода Превоз“ има обврска да ги почитува договорените обврски од јавен интерес

Но како и да е скопјани имаа проблеми.

„Немам пари да плаќам за такси по 200 денари во еден правец, мислам дека оваa не е во ред“, ни кажа изутрината жителка на Скопје која беше нервозна поради метежот на улиците. „Градот треба да дојде до нас граѓаните овозможувајки ни брзи услуги, а не ние да трчаме низ улиците на Скопје за да не задоцниме да стигнеме на работа“, коментира незадоволно таа.

Проблемите во Скопје се таложат

Инаку пред два месеци Скопјани се соочија со метеж низ градските улици зашто возачите на јавното сообраќајно претпријатие штрајкуваа поради неисплатена плата за септември.Сите автобуси на ЈСП се вратија на улиците низ главниот град, откако Град Скопје скрати од други проекти и најде пари за да им исплати плати на вработените во ова претпријатие.

Тогаш освен штрајкот на возачите на ЈСП јавнсота беше сведок дека протестираше и градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска која нареди неколку автобуси да ја блокираат “Илинденска“ како притисок врз Владата за, како што обвини Арсовска, долг кон јавното претпријатие за превозот на ученици.

Од други причини, во изминатиот период протест најавувуваа и вработените во ЈП „Водовод и канализација“. кои го обвинија директорот, поставен од скопската градоначалничка Данела Арсовска, дека вршел притисоци за напуштање на работните позиции.

М.С.М.

извор Локално