Нова промотивна понуда од Мтел – втор СТБ уред за сите нови претплатници на Плус пакетот на Мсат.

Фудбал на Арена или романтична комедија на Суперстар!? Со новата промотивна понуда на Мтел кажете им збогум на овие дилеми.

Телекомуникацискиот оператор Мтел на своите идни корисници им нуди можност да добијат втор СТБ-уред за само еден денар со секоја апликација за користење на Плус пакетот на сателитската телевизија Мсат.

„Со новата промотивна понуда на нашите сегашни и идни корисници им даваме можност да уживаат во своите омилени телевизиски програми на два различни уреди. Мсат нуди богата и возбудлива содржина на филмските канали, Арена каналите ги пренесуваат најинтересните спортски случувања, а имаме и одличен избор и на музички, документарни и детски канали. Оваа промотивна понуда ќе им дозволи на членовите во едно домаќинство секој да ужива во својот избор на телевизиската содржина без дополнителни оптоварувања на семејниот буџет. Само за пример, со искористување на оваа промоција ќе може да следите два различни натпревари на два различни уреди особено сега во пресрет на голем број интересни фудбалски и спортски случувања “, велат од компанијата.

Промотивната акција е активна од 28 март до 6 април и може да ја искористат сите заинтересирани граѓани било каде низ Македонија со повик на телефонскиот број 15010, преку веб страна www.mtel.mk или при посета на продажниот салон на Мтел на улица Македонија во Скопје.

Плус пакетот на Мсат вклучува повеќе од 130 канали со ексклузивна тв програма вклучувајќи ги Арена и Еуроспорт спортските канали, Суперстар филмските канали, Еуроњус Србија, Пинк каналите. Пакетот, како и останатите два во понудата на Мсат, е достапен за новите корисници по промотивна понуда – половина претплата во првите 12 месеци.