Денеска (16.03.2023) во СВР Скопје е пријавено дека во текот на ноќта со употреба на сила било влезено во два угостителски објекта и во објект на Културно-информативен центар на Република Бугарија, на подрачјето на Центар во Скопје, при што од угостителските објекти биле одземени пари, а од Центарот е одземен еден монитор од компјутер.

Увид извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.