Доцна попладнево врнежи од пороен дожд проследени со силен ветер и грмежи се забележани во југозападниот дел на Македонија.

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и пообилни, а утре наместа проследени со грмежи. Од среда дневната температура ќе биде во пораст.

Прогноза за 02.05.2022
Минимална температура: 5°C до 11°C Максимална температура: 12°C до 19°C

Прогноза за 03.05.2022
Минимална температура: 6°C до 10°C Максимална температура: 12°C до 19°C

Прогноза за 04.05.2022
Минимална температура: 4°C до 9°C Максимална температура: 17°C до 23°C