Невреме проследено со силен дожд и град, кое ја зафати Општина Босилово завчера, предизвика штети на посевите во селата Дрвош, Сарај и Гечерлија.

Според информацијата од градоначалникот на Босилово, Зоран Зимбаков градот удрил на површини посеани со житни култури, бостан, овошни насади, пиперки, домати и слични култури.

– Извршив увид на терен и остварив средба со граѓаните од погодените населени места. Од тоа што го видов има големи оштетувања, а најмногу во селото Дрвош, информираше градоначалникот Зимбаков.

Додаде ако се се исполнат законските предуслови за прогласување на елементарна непогода ќе се формира општинска комисија за утврдување на штетите.