Не е точно дека во украинскиот ракетен напад врз базата на руската црноморска флота во Севастопол, во окупираниот Крим, беа погодени два руски воени брода, како што беше соопштено предходно. Крстосувачки ракети ЕГ или Нептуни, или нивна комбинација, лансирани од страна на украинската морнарица- погодија четири руски бродови.

Како што пренесува Форбс, оштетените бродови наводно вклучуваат два активни десантни брода од класата Ропуча – Јамал и Азов – како и неактивен Ропуча по име Костијантин Олшански што Русија го зароби од Украина за време на инвазијата на Крим во 2014 година. Четвртата жртва е разузнавачки брод, Иван Хурс, кој пред 10 месеци преживеа напад од украински беспилотни чамци.

Додека сателитските снимки на Севастопол, регистрирани во деновите по нападот, се чини дека потврдуваат оштетување на неколку бродови, тоа не укажува на очигледни потонувања. Можно е сите четири бродови за кои Украинците тврдат дека ги погодиле во дворот за поправка во Севастопол, да можат и да се поправат.

Но, нападот барем привремено ја намали, за околу 15 проценти, предвоената сила на Црноморската флота од околу дузина десантни бродови. Пред една година, кога рускиот гарнизон во јужна Украина во голема мера зависеше од поморските линии за комуникација за да ја премести муницијата до полковите и бригадите на првата линија, тоа можеби беше многу голем проблем за Кремљ.

Но, руските инженери неодамна ја завршија новата пруга што го поврзува Ростов, во јужна Русија, со Мариупол во окупирана јужна Украина, со што се отфрла потребата од големи поморски пратки за одржување на руските трупи долж јужниот фронт на Украина. Железничките пруги, кои се прилично лесни за поправка, е потешко да се спречат отколку бродовите. Што значи, ударите врз руските десантни бродови и не се толку штетни за воените напори на Москва како што можеше да бидат претходно. Но, со оглед на изборот помеѓу уништување или оштетување на руски бродови и не уништување или оштетување на руски бродови, Украинците сигурно би го избрале првото.

Во две години тешки борби, Украинците оштетија или потонаа, користејќи проектили и беспилотни чамци натоварени со експлозиви, седум активни Ропуча и еден десантен брод од класата Тапир. Тие, исто така, уништија – од оригиналните триесетина големи бродови на Црноморската флота – крстосувач, подморница, брод за снабдување, неколку патролни чамци и две ракетни корвети и исто така оштетија шпионски брод.

Како што објави предходно Цивил Медиа, според соопштението на портпаролот на украинската морнарица Дмитро Плетенчук, Украина потопила или онеспособила една третина од руската воена бродска флота во Црното Море за време на двегодишната војна.

Со ова темпо, Црноморската флота би можела да престане да функционира за уште 18 месеци или две години. И пошироката руска морнарица не може многу да направи за да ја запре оваа постојана деградација, бидејќи не може да ја зајакне Црноморската флота со големи бродови.

Поголемите бродови кои не можат да се пренесат по копно или река мора да поминат низ Босфорскиот теснец за да влезат во Црното Море. Турција го контролира теснецот и не им дозволува на борците да транзитираат за време на војна.

Драган Мишев

Извор: Civilmedia.mk