На 28.11.2026 во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода 48-годишен жител на Радовиш, постапувајќи по претходна пријава дека околу 16:00 часот во куќа на ул. „Калаузлиска“ во Радовиш физички нападнал две лица од Радовиш, при што им нанел повреди на телото.
За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.