Најголем дел од магистралните, регионалните и локалните патишта во Македонија се проодни, но сообраќајот се одвива во зимски услови, информира Центарот за управување со кризи во попладневниот извештај.

На дел од сообраќајниците има остатоци од кашест снег, а надлежните служби работат на расчистување и посипување на коловозите со сол и ризла.

Во кратовското село Мушково, каде што снежната покривка достигнала околу 15 сантиметри, движењето се одвива со теренски возила. Поради очекуваното намалување на температурите, возачите треба да внимаваат и на можноста за замрзнување на влажните коловози.