Полицијата презема мерки за идентификување на лицата што го симнале македонското државно знаме од јарбол поставен на улицата „Илинденска“ во центарот на Гостивар.
На социјалните мрежи беше објавена видеоснимка од настанот, а случајот предизвика реакции од политичките партии.
СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и движењето ЗНАМ го осудија постапувањето со државното знаме и побараа реакција од надлежните институции. Засега не е објавена потврда дека лицата од снимката се идентификувани.