МЗ: Вчера се аплицирани 11.946 вакцини
Vestiplus.mk
+Во тренд...КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈА

МЗ: Вчера се аплицирани 11.946 вакцини

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 510.197 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.109 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 11.946 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 891.379 дози вакцини, а ревакцинирани се 381.182 граѓани.

Со последните бројки 63% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 61% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 55% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 45% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина .

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата. Ревакцинацијата се одвива во спортските сали низ градовите во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп и во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје.

Министерството за здравство апелира до граѓаните да се вклучат во масовното вакцинирање бидејќи само на овој начин ќе успееме да го победиме вирусот.

Можеби ќе ве интересира...

Убиство го потресе Кичево – МВР ги соопшти деталите за трагедијата

В+

Утре нова цена на горивата – Можно ли е поскапување?

Vesti +

Спасовски oд Министерскиот форум ЕУ-ЗБ: Основен предуслов за успешно справување со глобалните безбедносни предизвици е ефикасната меѓународна соработка

Vesti +

Северна Македонија го чествува 11 Октомври и 80 годишнината од Денот на востанието, владина делегација се поклони пред спомениците на хероите

В+

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО УНГАРИЈА ПРОГЛАСИ ОРБАН: „Војната во Украина е закана за земјата, мерката тапува на сила од полноќ“

Vesti +

ХАОС ВО НАЈАВА ВО СКОПЈЕ: Посебен режим на сообраќај на овие булевари поради протест на приватните превозници

Vesti +