На 21.11.2026 во 06:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколницата „Мајка Тереза“, во близина на с. Смилковци, скопско, пронајдено е лице без знаци на живот.

Веднаш по пријавата, полициски службеници од СВР Скопје се упатени на местото, при што е утврдено дека лицето е 38-годишник од с. Љубин, скопско.

Во близина на телото е пронајдено патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое претходно го управувал.

Од Итна медицинска помош констатирана е смрт, при што е забележана прострелна повреда во пределот на ногата.

Извршен е увид од увидна екипа при СВР Скопје. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено во Судска медицина за обдукција.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на кривично-правниот настан.