На 21.11.2026 во 22:30 часот, на улица „Маршал Тито“ во Демир Капија, полициски службеници од ОВР Неготино приведоа 66-годишник од Демир Капија, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

Исто така, при комуникација со него биле забележани знаци дека е под дејство на алкохол, при што истакнал дека претходно консумирал алкохол, но одбил да биде алкотестиран, по што бил пренесен во Итна медицинска помош Неготино за земање примерок од крв и урина за утврдување на присуство на алкохол во организмот.

Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.