На 13.06.2026 во 15:05 часот во ОВР Струга е пријавено дека на крстосница од ул.„Ѓуро Салај“ и ул.„Димче Ковачески“ во Струга се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.А.Ш.(22) од Полска и мотоцикл „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од В.К.(46) од Струга. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. За настанот е известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од ОВР Струга.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...