Денеска (17.03.2022) во 09.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Франклин Рузвелт“ со ул.„Орце Николов“ во Скопје, патничко моторно возило „сеат ибица“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.Г.(24) од Скопје, удрило во К.Р.(40) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила К.Р., констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.