Како што соопшти полицијата вчера нешто пред 14 часот во ресенската полиција било пријавено дека на место викано „Суво Поле“ во Нацинален парк „Галичица“, Ф.М.М.Д.(30) од Данска, управувајќи четирицикл со охридски регистарски ознаки на земјен пат, изгубил контрола и паднал, велат од полицијата.

Службите информираат дека во несреќата мажот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

Од МвР велат дека увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен.