Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на задоволството од работењето на Царинската управа, изјави:

„Па јас во своето обраќање ги истакнав поентите што мислам дека се значајни, исто така и директорот во своето обраќање имаше поенти коишто ја отсликуваат суштината на работењето на оваа Царинска управа под раководство на Бобан. За прв пат е префрлен месец со наплата од 12 милијарди денари, што е, претставува за прв пат, до сега никогаш тоа не се случило, рекордна наплата на приходи од страна на Царината.

Во делот на кривичните пријави, гледате дека има година, тоа беше 2025 којашто е за пет пати побројна од просекот помеѓу 2017 и 2023. Тоа се навистина параметри коишто ја отсликуваат работата на Царината и бескомпромисната борба против криминалот и корупцијата што претставува основа за успешна работа на Царината. И јас сум убеден дека во годините коишто следат Царинската управа така и ќе продолжи да работи, бескомпромисно кон криминалот и корупцијата, а посветено за граѓаните.

Така што еве од прилика, тоа би имал да кажам на вашето прашање.“

фото Влада