Отец Оливер Петровски е Маж на годината во ибор на социјалните медиуми за 2022 година, при официјалниот избор на „Мажи на годината“ во Македонија.

Според гласањето на официјалната Фејсбук страница на настанот, Отец Оливер Петровски освои најмногу гласови и со тоа заслужено ја добива оваа награда.

Наградата Маж на годината во избор на социјалните медиуми и дава можност на целокупната јавност да се вклучи директно во овој настан, преку номинирање, според нив, најуспешниот маж и притоа да гласаат за оние кои се номинирани.

Отец Оливер Петровски е познат хуманитарец кој раководи со хуманитарната организација „Свети Спас“ кој изминатите години преку својата организација успеа да направи среќни голем број на луѓе на кои им е навистина потребна помош, а не можат да си ја дозволат.

Овогодинешното 5-то јубилејно издание на изборот на Мажи на годината во организација на Фрајдеј Комуникации и Џентлмен Магазин ќе се одржи на 30.11.2022 година во Doubletree by Hilton Skopje и вклучува 13 добитници во 13 категории помеѓу кои и главната награда за Маж на годината за 2022 година.

Генерален спонзор на овогодинешниот избор на „Мажи на Годината 2022“ е компанијата Casinos Austria International Macedonia, и останатите спонзори DoubleTree by Hilton -Skopje, Бадел -Antique Pelinkovac, Пакомак, Орбико и парфимериите Fabu, Пивара-Скопје, Империјал Тобако, Авант Кар Македонија, Tikves и други.

И ПОКРАЈ СПОНЗОРИРАЊЕТО НА ФЕЈСБУК, МИТКО ЈАНЧЕВ НЕ УСПЕА ДА СТАНЕ МАЖ НА ГОДИНАТА

Да потсетиме дека минатата недела од страна на фан страната на фејсбук “Митко Јанчев фанови”, преку платена реклама на фејсбук, за која се потрошени одредени средства, се бараше од граѓаните стават лајк на фотографијата со ликот на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Откако тоа излезе во јавноста, кампањата на фејсбук беше прекината од оваа фан страна, но беа сменети и правилата од организаторот на Маж на годината според социјални медиуми, па така повеќе не помагаа лајковите за да се стане Маж на годината, туку за тоа одлука носеше жири.

Интегрално го пренесуваме соопштението на “Мажи на годината”:

– Како што веќе сите знаете официјалниот избор на „Мажи на годината“ кој се одржува 5та година по ред кај нас, е настан кој има за цел да ги награди најуспешните мажи во 13 категории. Една од тие награди е и наградата за „Маж на годината според социјалните медиуми“, во која сте вклучени буквално сите вие, да номинирате свој кандидат односно кандидат кој според вас заслужува да ја понесе оваа награда, и да се вклучите буквално сите во транспарентно гласање, односно секој да гласа за својот фаворит.
Како и за секоја категорија, така и за оваа, постојат правила кои се секогаш јасно истакнати, и истите доколку не се почитуваат ќе следи дисквалификација на номинираните.

Токму затоа, бидејќи речиси кај секој од кандидатите, со исклучок на поединци, беа констатирани нерегуларности, каде преку ноќ, во само неколку часа, се собираа лајкови од Турција, Мексико, Кина, Индија, Палестина, преку таканаречени скрипти кои ги користат.
За таа цел сакаме да ја информираме јавноста дека се оградуваме од сите нерегуларности и нема да го земеме во предвид овој начин на гласање. По разгледување на сите фактори оваа награда повторно ќе ја додели нашата жири комисија која одлучува и за останатите награди од изборот на Мажи на годината за 2022 година.

Ние секогаш се заложуваме за фер избор така ќе остане и понатаму.

Голема благодарност до сите кои дадоа свој придонес во гласањето., велат од “Мажи на годината”.