Имаме тивко, но опасно оружје, вели поранешниот руски претседател, Дмитри Медведев. Тој има нов предлог.

Бара да се прошири списокот на производи од непријателски земји на кои им е забранет увоз во Русија и рече дека Русија нема да купува ништо од таквите земји.

Медведев објасни дека Русија ќе продава храна и земјоделски култури само на пријателски земји: и за рубли и за нивната национална валута во договорени количини, пренесува „Спутник“.

„Нашата храна и земјоделски култури ќе им ги продаваме само на нашите пријатели (за среќа, ги има многу надвор од Европа и Северна Америка). Тие ќе може да плаќаат во рубли и во нивната национална валута во договорените количини“, посочи тој.

Медведев вели дека домашниот пазар ќе има приоритет во снабдувањето со храна, а властите ќе им помогнат на земјоделците и ќе ги контролираат цените.

Откако Русија ја почна инвазијата на Украина, Западот воведе санкции. Целта беше да и зададат економски удар на Русија.
Литванија е земја која нема веќе да го користи рускиот гас. Белорусија за рускиот гас ќе плаќа во рубљи.