Познатиот портал Numbeo ја ажурираше годишната листа на најскапи и најевтини места за живеење во светот. Новото рангирање е направено со пресметка на трошоците за домување, облека, храна, превоз, интернет, услуги, намирници…

На оваа листа од 139 земји, Македонија е рангирана на 118-то место, Косово на 134-то место, Албанија е 99-та, Босна и Херцеговина е 96-та, Словенија е на 45-то место, Хрватска е 59-та, Србија на 94-та, Црна Гора е на 87-то место.

Листата е составена со преместување од најскапите места кон најевтините.