„По првата средба на премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков, евидентно е дека видовме нова енергија, динамика и придвижување на работите. Нема да брзаме со временска рамка, но ќе работиме забрзано. Ќе се решаваат клучните прашања. Не треба да очекуваме брзо решение, туку квалитетно и прецизно да ги решаваме тие работи“ кажа заменик-претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска во „Студио 10“ на ТВ24.

Таа додаде дека битно во преговорите се црвените линии кои се изгласаа во Собранието, како и почитувањето на европските вредности.

„Со новата динамика и идеите од двете страни ќе има позитивни случувања наредниот период, но треба историјата да се остави на историчарите, а политката на политичарите“ кажа Лукаревска.

Таа додаде дека за идентитетот и јазикот не се преговара и дека црвените линии изгласани во Собранието, а поддржани од сите политички чинители се основите врз кои се водат преговорите.