„Гледајќи ги како работат градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните се потсетуваат како оваа партија владееше. Гледаме дека сакаат централната власт да ја претстават како одговорна и виновна за неменаџирањето на локалните власти“ кажа заменик-претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска во „Студио 10“ на ТВ24.

Таа додаде дека сепак, ова не е момент за ликување и истакнување дека политичките опоменти не работат добро, бидејќи живееме во период на КОВИД и енергетска криза.

„Неопходно е да продолжиме да работиме, да го истераме мандатот, па дури потоа да зборуваме за парламентарни избори“ кажа Лукаревска.

Таа додаде дека сите заедно и обединето мора да се посветат за да се спроведуваат добри политики за државата и граѓаните.

„Премиерот Ковачевски го повика на кафе средба лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за да се разменат идеи, кои потоа доколку се добри ќе се применуваат во функционирањето на владата и државата“ кажа Лукаревска.