СВР Куманово поднесе кривична пријава против маж од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

Пријавената, за време на епидемија на заразна болест прогласена на територијата на Република Северна Македонија, постапила спротивно на одлуката за превентивни препораки, времени мерки за изолација.