Ковачевски: Мицкоски секое утро прво што прави- проверува во телефонот што кажал Апасиев
Vestiplus.mk
+МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Мицкоски секое утро прво што прави- проверува во телефонот што кажал Апасиев

На нашиот европски пат има сериозна закана, а најзабележителен и најопасен во моментов е Димитар Апасиев, тој е агент на хаосот и верува дека колку повеќе е лошо за земјата – толку е подобро за него, порача претседателот Димитар Ковачевски од Велес.

Неговата цел, додаде Ковачевски, е да запали оган и да уништи се што е создавано, ете каде многу луѓе грешат, и тука е токму опасноста

– Економската криза и фрустрацијата ги очајуваат луѓето и ги тера да размислуваат да му дадат шанса. Во руралните средини, меѓу младите, дури и меѓу средната класа кои се борат под кризата на трошоците за живот. Не се лажете – тој станува посилен. Причината за ова е што Мицкоски е слаб, нема став, нема визија. Мицкоски секое утро кога отвора очи прво што прави- проверува во телефонот што кажал претходната вечер Апасиев, па водејќи се од тоа во Белата Платата под судска заплена, дава наредби каква ќе биде нивната комуникација тој ден, порача Ковачевски.

Ковачевски оцени дека токму поради тоа Мицкоски се однесува лицемерно, дека еден ден кажува едно, друг ден второ.

– Да не е случајно ВМРО-ДПМНЕ помалку екстремна од Левица за да не им пребега некој член во партијата на Апасиев. Затоа Мицкоски еден ден вика дека ја поддржува ЕУ, а веќе следниот ден во Собранието ја блокира сета законска регулатива што се однесува на ЕУ. Човек без визија заедно со пироман со визија за хаос. Додадете го во мешавината Груевски, кој под неговото 11-годишно владеење, земјата беше блокирана во Европа – и тука е совршената бура. Резулатот од тоа може да биде закочена интеграцијата во ЕУ. Инвеститорите ќе си заминат, младите ќе бегаат, економијата ќе крахира а земјвата ќе се врати во темното минато каде 11 години беше заглавена, додаде Ковачевски на трибината „Силно и одлучно кон иднината“.

Можеби ќе ве интересира...

Нема да ви се верува колку чини литар дизел во Русија, откако рубљата ја загуби за двојно својата вредност

Vesti +

Заев со СМС порака до поддржувачите: СДСМ е во акција, уважете сечив став!

В+

Приведен скопјанец на Граничен премин Табановце

Vesti +

После 41 година САЕ Тигар доби вагони за обука за решавање кризна ситуацијасае т

Vesti +

НЛБ Банка донираше сензорна соба во Македонски Брод како дел од проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“

В+

СДСМ: Економијата е стабилна и расте, странските инвестиции во ТИРЗ носат нови работни места и повисоки плати

Vesti +