ЕСМ не увезува струја заради задоволување на регулираниот пазар, односно се што е потрошено од страна на домаќинствата и малите потрошувачи, се е произведено од ЕСМ, вели премиерот Димитар Ковачевски во интервју за ИРЛ.

-Во однос на вишоците кои ги продаваше ЕСМ, тие беа направени од 2 до седум часот изутрина и нив можеше да ги купи секој што ќе учествуваше на аукцијата на ЕСМ. Проблемот е што многу малку купувачи имаат потреба за електрична енергија исклучиво од два до седум. Најчесто таквата енергија се купува од трговци кои прават микс од цената на таа енергија со енергија што ја продаваат во пик на малите потрошувачи. На малите потрошувачи секогаш им одговараше да купуваат по таква микс цена, направена кога не е пик, за да може да имаат порамновтежена цена на електрична енергија во рамките на 24 часа, кажа Ковачевски.

Премиерот кажа дека со заладувањето на времето се зголемува употребата на електрична енергија, но ЕСМ стопроцентно ги задоволува потребите на регулираниот пазар, на домаќинства и малите и средни претпријатија.