Ефектите од 26-те антикризни мерки на Владата вредни 400 милиони евра значат заштеда на речиси 4.000 денари за граѓаните месечно, рече премиерот Димитар Ковачевски на денешниот Форум по повод 100 дена работа на новата Влада.
„Со 26те антикризни мерки , го спречивме ударот од големиот ценовен шок во услови на историски највисоки цени на храна и енергенси. Со намалување на ДДВ-то и акцизите имаме најниска цена на нафта и нафтени деривати во регионот.

Со намалување на данокот на додадена вредност од пет проценти на нула проценти, и со ограничувањето на малопродажните и големопродажните маржи на основните прехранбени производи, успеавме да спречиме огромен раст на цените и да го заштитиме стандардот на граѓаните. Го ублаживме големото поскапување на храната и енергенсите. Со антикризните мерки кои ги воведовме, граѓаните месечно заштедуваат по 300 денари за нафта, по 1.500 денари за храна и по 2.150 денари за сметката за струја. Ефектите од овие мерки значат заштеда од скоро 4000 денари месечно.“ рече премиерот Ковачаевски во обраќањето на Форумот за 100 дена Влада.

Карактеристика на оваа Влада е ефикасно, чесно и одговорно владеење и работа, а тоа се гледа и во стабилниот Буџет, додаде Ковачевски.