Зелката е богат извор на витамин Ц и е важна за зајакнување на имунитетот, богата со витамин Ц, а е одличен извор на влакна и корисна за регулирање на варењето.

Богата е и со витамините Б1, Б2 и Б6, кои ја зголемуваат количината на енергија во организмот, а поради витаминот К е одлична храна за мозокот.

За да се зачуваат сите драгоцени состојки, важно е зелката да се свари кратко или уште подобро да се јаде сирова како салата.

И црвената и зелената зелка се подеднакво здрави, така што нема да погрешите кој тип ќе го изберете, но нутриционистите ги советуваат луѓето со одредени болести да внимаваат кога ја консумираат оваа здрава храна.

Зелката содржи пурини кои доведуваат до формирање на урична киселина во телото, што ја влошува состојбата на гихт и камења во бубрезите.

Ако треба да јадете храна без пурини, можете да јадете овошје, зеленчук, житарки и млечни производи.

Зелката го поттикнува панкреатитисот и чирот на желудник.