Пробајте сосема нов начин на подготовка на зелка и мелено месо, така што ќе направите пржени шницли од овие состојки.

Неверојатна комбинација на мелено месо и зелка. Досега сигурно не сте направиле вакви пржени шницли. Меленото месо и зелката се одлични при правење сарма, но задолжително пробајте го и овој рецепт.

По изглед потсетуваат на виенски шницли, а можеби се поинтересни по вкус. Доколку сакате да експериментирате во кујната, но со добро познати состојки, ова е рецептотот за вас.

Состојки: 1 главица зелка, 500 гр мелено месо, 1/2 лажичка сол, бибер и лута пиперка по вкус, 3 мали главици кромид, 80 мл млеко.

Подготовка: Сварете ја зелката да омекнат листовите и одвојте ги. Во меленото месо додадете ситно сечкан кромид, млеко и зачини. Секој лист зелка премачкајте го со месото и убаво затворете. Најпрво малку свиткајте ги рабовите на зелката, па свиткајте. Изматете ги јајцата, брашното и измешајте. Прво се валкаат зелката со месото во брашно, јајца и на крај во презла. Се пржат на малку масло.