Граѓаните на Прилеп и Охрид го почуствувале кичевскиот земјотрес, кој се случи вечерва во 18 часот и 36 минути.

Земјотресот бил силно почуствуван во Кичево, со оглед дека се случил на 4 километри југозападно од градот на длабочина од два километри.

Според сведоштвата од граѓани на ЕМСЦ, земјотресот траел неколку секунди и бил јак.

Засега нема информации за евентуална материјална штета, ниту подетални информации.