На 13.11.2026 во 19:40 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија лишија од слобода 36-годишен жител на Гевгелија.

Според пријавеното, тој агресивно се однесувал кон 43-годишна жителка на Гевгелија, со која бил во врска, а воедно континуирано ја следел и вознемирувал.

Лицето е задржано во Полициската станица Гевгелија, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија.

Во текот на денот против лицето ќе биде поднесена кривична пријава и тој ќе биде изведен пред судија од Основен суд Гевгелија.