На 18.03.2023 во 17.50 часот во Полициската станица Гази Баба од СОС Детско Село било пријавено дека од домот се оддалечила нивната штитеничка Р.И.(17).

Таа и досега во повеќе наврати се оддалечувала од домот и била враќана назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.