Не стивнуваат реакциите на социјалните мрежи откако власта соопшти дека денеска бил идентификуван и приведен човекот кој го запали бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“, а многу кусо потоа се дозна дека станува збор за некогаш познатиот макеедонски пејач Ламбе Алабаковски, кој пред извесен период се вратил од Америка.
„И јас сум Ламбе Алабаковски! Je suis Lambe Alabakovski!
Власта која не смееше ни на сон да дозволи отворање на клуб со името на МАКЕДОНОУБИЕЦ И ФАШИСТ како Ванчо Михајлов, сега се фали дека го фатила МАКЕДОНЕЦОТ кој испровоциран од забеганата провокација запали табла со името на македоноубиецот?!?!?
Уапсете го оној суртук кој дозволи клуб со вакво име воопшто да се отвори, не Ламбе!
Политиканти, без образ и трунка достоинство, гордост и чест македонска во себе. Чувството на срам од оваа влада секојдневно расте. Немаат мерка, исав уште помалку, срам ни за лек. Доста е!!“, напиша на фејсбук новинарот Љупчо Цветановски.
„Поклон до земја. Ламбе Алабаковски е новиот национален херој! Одбраната на државата е должност на секој граѓанин!“, стои во еден од статусите на оваа социјална мрежа.

Игор Аврамовски Александров пишува „Не знам дали навистина Ламбе го потпалил центарот именуван по македонскиот изрод и злосторник Иван Михајлов. Затоа што ниту е осуден, ниту вина признал. Но знам дека да беше во прашање злосторство на некој Албанец под заштита на ДУИ/УЧК или на некој криминалец од децата на ‘северомакедонските’ големџии, сигурно немаше бесрамните медиуми да му го објавуваат името така ударно, како да е осуден, пред да заврши судски процес. Веројатно квислинзите од МВР со ова го хранат крокодилот, со надеж дека така нема нив да ги изеде“.

Јован Коцев напишал „Колку докази ви требаат мои Фејсбук Пријатели за тоа што ви ги горат вашите Души уште живи“.

Дел од другите коментари се.

„Алал да ти е мајчиното млеко што си го цицнал! Има Битола јунаци!“

„Вие власта ќе го уапсите и казните. Ние народот ќе го наградиме.

Се врати од Америка пошо гледа овде нема мажи и се килаво. Ламбе комито!!!

Не секој сака да настапува у бугарски клубови., пишува Кристијан Јандриоски.