СВР Охрид поднесе кривична пријава против 67-годишник од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, како и против правен субјект – Друштво за градежништво и трговија од Кавадарци, негова сопственост.

Пријавениот, во својство на надзорен орган, составил и потпишал технички извештај и ставил во употреба хотелски комплекс изграден во Охрид, лоциран на катастарска парцела „Елшани“.

Тоа го сторил иако знаел дека хотелот е изграден спротивно на издаденото одобрение и има изведени нелегални градби на хотелскиот комплекс.