На 17.04.2026 околу 15:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Самоилова“ во Скопје, под Кале на стариот полигон, настанал пожар при што била запалена сува трева.

Од пожарот биле зафатени и три возила, а едно лице се здобило со повреди кршејќи стакла на возилата со намера да ги тргне од местото.

Интервенирале полициски службеници и екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје и пожарот бил изгаснат.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.