Vestiplus.mk
+БИЗНИСВо тренд...

Германците ова не го виделе повеќе од една деценија: Цената на становите почнува да паѓа, дали може да очекуваме драстично поевтинување и кај нас?

Според проценките на хипотекарните банки, цената на станбените недвижности во Германија паднала за прв пат од 2010 година, но во исто време е забележан и пораст на цената на новите договори за изнајмување станови, пишува Biznispro.com.

Цените на становите и куќите паднаа за 0,7 отсто во третиот квартал во однос на вториот квартал, покажува индексот на цените на недвижностите, објавен од Здружението на хипотекарни банки (вдп), пренесува ДПА.

Трендот на раст на цените на недвижностите, кој траеше повеќе од 12 години, заврши, според Јенс Толкмит, извршен директор на vdp.

И додека користените станбени недвижности благо поскапеа, цените на становите во повеќесемејните згради паднаа за речиси два отсто. Индексот на здружението, кое ги собира најважните германски финансиери за недвижнини, се базира на податоци за работењето на повеќе од 700 банки.

Во седумте најголеми германски метрополи становите и куќите поевтинија во просек за 0,7 отсто, како и на целиот пазар. Додека цените во Берлин останаа приближно исти како во вториот квартал (минус 0,1 отсто), во другите големи градови паднаа помеѓу 0,6 отсто (Келн) и 1,5 отсто (Минхен).

Но, во однос на третиот квартал од минатата година, станбените недвижности сепак поскапеа за 6,1 отсто. Здружението вдп во вториот квартал забележа плус од 10,7 отсто на годишна основа.

Затоа здружението очекува „умерено намалување на цените“ за цела година. Сепак, пазарот на недвижности отсекогаш се покажувал како многу издржлив и во услови на криза, па затоа не треба да очекуваме големи промени во цените.

Но, во исто време кога експлозијата на цените на недвижностите слабее, трендот е спротивен кај новите договори за изнајмување станови. Цените на закупнините на становите се зголемени за 4,8 отсто на годишно ниво, а за 1,6 отсто во однос на вториот квартал годинава.

Големата побарувачка за станови за кирија се коси со немањето згради, падот на новоградбите, а причина се и бројните бегалци од Украина кои издаваат станови.

Покрај тоа, има луѓе кои всушност се заинтересирани да купат стан, но чиј сон да поседуваат сопствен дом во моментов е во мирување поради инфлацијата и високите каматни стапки, објасни Толкмит.

ЦЕНАТА НА СТАНОВИТЕ ВО СКОПЈЕ Е НАПУМПАНА И МОЖЕ ДА СЕ ОЧЕКУВА СИЛЕН ПАД
Цената на квадрат стан во Скопје изминативе месеци драстично скокна, па речиси е невозможно да се најде стан под 1400 евра за квадрат. Но според познавачите на овој надуен балон му се гледа крајот, а како една од клучните работи за силен пад на цената на станбениот простор во Скопје е и тоа што зјаат празни илјадници станови, а граѓаните полека своите планирани средства за недвижности ги пренасочуваат во странство или во помалите градови, пишува Biznispro.com.

Можеби ќе ве интересира...

256 санкции за брзо возење

Vesti +

Мистериозен мајстор на одмаздата во зодијакот: Никогаш не изневерувајте личност од овој знак

Vesti +

265 сообраќајни прекршоци во Скопје, 59 за недавање првенство на минување на пешаци

Vesti +

Заев од Карпош: Одличниот Весковски не смееме да го споредуваме со измеќарот Јакимовски

В+

Приведен криминалец осуден на 12 години казна затвор

Vesti +

Претседателите Пендаровски и Дуда на полско-македонски економски форум

Vesti +