Фејсбук статус на кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски:

Драги центарци, драги сограѓани,

Ви благодарам за поддршката којашто ни ја дадовте за сигурно водство во првиот круг во општина Центар. Им благодарам на сите коишто несебично се вложија во овие избори, да ме поддржат мене и мојот тим. Но битката не е завршена.

Убеден сум дека со исто темпо и мотивација за работа во вториот круг ќе извојуваме уште една голема победа.

Остануваат уште две недели од кампањата во кои треба да дојдеме до секој човек, до секое семејство и да ја пренесеме нашата порака дека Центар останува демократска, напредна и силна општина.

Уште од денеска ја продолжуваме кампањата за што ве повикувам сите да ни се придружите.
Ви благодарам!