Вечерва околу 18 часот регионот на Прилеп бил зафатен од поројни врнежи дожд.

Поголемиот дел улици низ градот се поплавени и тешко проодни за сообраќај.

Засега се знае дека пријавено е едно целосно поплавување на најмалку една куќа. На социјалните мрежи се шират податоци дека се поплавени и други објекти и локали.

Имало и пожар во објект за автоделови.

Од ЦУК известуваат дека реката во Прилеп на некои места се излеала.