На 07.07.2022 околу 12.00 часот на ул.„Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода А.М.(46) и Е.Ч.(46), двајцата од Република Косово. Тие се сомничат дека непосредно пред тоа одзеле пари од Р.С.(71) од тетовски Пирок.

Двајцата биле задржани во Полициската станица Тетово, а парите биле пронајдени кај нив, одземени и ќе бидат вратени на сопственикот.

Со соодветен поднесок денеска ќе бидат изведени пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.