Турција не ги сака Финска и Шведска во НАТО. Ставот го соопшти турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Ердоган рече дека Турција не може да ги поддржи плановите на Шведска и Финска да се приклучат на пактот, затоа што скандинавските земји се „дом на многу терористички организации“.

„Ги следиме развојот на настаните во однос на Шведска и Финска, но немаме позитивни ставови“, изјави Ердоган за новинарите во Истанбул.

Тој вели дека е грешка што НАТО ја прифати Грција како членка во минатото. Турција официјално го поддржуваше проширувањето откако влезе во НАТО пред 70 години. Секоја одлука за проширување мора да биде донесена едногласно.

Шведското Министерство за надворешни работи не ја коментираше изјавата на Ердоган, наведува Ројтерс.

Финскиот министер Пека Хависто повика на трпение и постепен пристап како одговор на отпорот на Турција кон членството на Финска и Шведска во НАТО, објави „Ројтерс“.

Откако Русија ја почна инвазијата на Украина на 24 февруари, двете земји изразија желба да станат членки на НАТО.