Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го пречека германскиот канцелар Олаф Шолц во Анкара со највисоки државни почести.

Свечениот прием се одржа на платото пред Претседателската палата во Анкара, а започна со интонирање на химните на двете земји. По свечената парада, Шолц ги поздрави турските стражари со турскиот поздрав „мерхаба аскер“ (поздравување на војниците).

По средбата со Шолц, Ердоган рече дека Турција без двоумење ќе продолжи да прави напори за воспоставување траен прекин на огнот во Украина.

– Преземајќи мерки за безбедноста на Европа, се договоривме дека ќе ги забрзаме дипломатските напори за решение – посочи Ердоган и се осврна на деловните односи меѓу Турција и Германија.

– Нашиот обем на трговска размена со Германија во 2020 година беше 38 милијарди, а во 2021 година надмина 41 милијарда долари. Решени сме да го зголемиме на 50 милијарди.