Спасувачите го извлекоа телото на едногодишно момче од урнатините на станбена зграда по рускиот напад во централниот украински град Кривји Рих, изјави во саботата регионалниот гувернер.

– Тешко е да се пишува за вакво нешто – вели Валентин Резниченко во апликацијата за пораки Телеграм за нападот во петокот наутро, во кој според него загинале вкупно четири лица.

Нападот се совпадна со бранот ракетни напади врз клучната украинска инфраструктура, за кои властите во Киев рекоа дека е еден од најголемите откако Русија започна инвазија на својот сосед на 24 февруари.