Како што соопшти полицијата, вчера нешто по 20 часот на улицата „Брсјачка Буна“ во Скопје, полицајци го лишиле од слобода И.А.(60) од Скопје.

Скопјанецот се сомничи дека на 23.01.2023 во неговиот дом физички ја нападнал В.Р.(30) од Струмица, со која се познавал од порано, по што не ѝ дозволил да го напушти домот до 09.30 часот на 24.01.2023, информира полицијата.

– Скопјанецот бил задржан во станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.