По повод 30 годишнината од независноста на државата, делегацијата на СДСМ во состав Сања Лукаревска, заменик претседателка на СДСМ, Венко Филипче, потпретседател на СДСМ и Марко Михаилоски, претседател на СДММ, денеска положи и оддаде свежо цвеќе на вечните почивалишта на првиот Претседател, Киро Глигоров и на поранешниот Претседател Борис Трајковски.