На 22.09.2021 во 19.05 часот на влез во Гевгелија. од полициски службеници од Полициска станица за граничен премин Богородица приведени се М.И.(54) од Скопје, кој управувал патничко моторно возило „шкода октавија“ со скопски регистарски ознаки, во кое при контрола биле пронајдени Д.П.Д.А.(20), Р.Р.Т.(51), С.Г.Е.(20) и А.К.Г.(30), сите од Куба, кои илегално влегле од државата.

Сите биле приведени и по целосно документирање на случајот ќе им биде поднесена соодветна пријава.